post

БИЗНИС ИДЕЈА – ТРЕТ ЧЕКОР: ЦЕЛЕН ПАЗАР

Во првиот чекор размислувавме за идеи кои знаеме да ги спроведеме, спроведувањето ќе ни биде забавно како хоби, ќе имаме пасија за нивно спроведување, ќе постои потреба или проблем кој таа бизнис идеја треба да го реши. Откако избереме идеја која ги исполнува горните услови третиот чекор е да размислиме за целниот пазар.

Корисно е во оваа фаза од развојот на бизнисот да се размисли за целниот пазар на кој ќе се насочи тој бизнис.

Што е целен пазар? Целен пазар е еден дел од пазарот на кој ќе се насочи нашата идеја. За доаѓање до целен Targetmarket пазар потребно е да направиме сегментација на пазарот, односно да го поделиме пазарот на помали делови врз основа на некои карактеристики како што се:

  • старост (на пример, целен пазар ќе ни биде сегментот од 20 до 50 години)
  • пол (на пример, целен пазар ќе ни биде сегментот жени)
  • географија (на пример, целен пазар ќе ни биде сегментот Скопје)
  • примања (на пример, целен пазар ќе ни биде сегментот кој има месечни примања од 30.000 денари нагоре)

Но, уште подобра е комбинација на горенаведените карактеристики, на пример, целен пазар ќе ни биде Скопје, мажи и жени од 20 до 50 години и кои имаат примања над 30.000 денари. Во една ваква изјава може да додадеме и потребата која ќе се задоволува или пак проблемот кој ќе се решава со таа бизнис идеа. Ова во голем дел ќе ни помогне и при изработка на маркетинг елементите од бизнис планот како и проценките на продажба. Секоја проценка на продажба тргнува од целниот пазар и избраниот сегмент на пазарот како бројка. На ова се додава потребата или желбата за решавање на проблемот на потенцијалните потрошувачи, конкуренцијата итн. На ваков начин може да се дојде до некоја проценета бројка во парчиња или пак во денари на продажба.

Целниот пазар и сегментацијата за секој бизнис во оваа фаза на сонување е многу важно прашање. На ваков начин целата енергија и сила на претприемачот ќе биде насочена кон тој целен пазар. Подоцна и маркетинг активностите ќе бидат насочени кон тој целен пазар и на таков начин се применува 80/20 правилото при што се зголемува ефикасноста и ефективноста на претприемачот па и на бизнисот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*