post

МЕНАЏМЕНТ И ЗНАЕЊЕ

Менаџментот прераснува во се покомплексна наука. Работа со луѓе претставува најубавата но и најтешката работа. Како се преминува од едно во друго ниво од ќивотниот циклус на бизнисите се менува и потребата претприемачот се повеќе да станува менаџер. При започнување со бизнисот на претприемачот нема да му е потребно знаење од менаџментот бидејќи секој стартап на бизнис е или само со претприемачот или пак со уште еден до двајца вработени. Како што бизнисот расне и се зголемува бројот на вработените така и потребата од знаење за менаџментот ќе расне. Менаџментот значи управување со бизнис ресурсите (човечки, финансиски, материјални, производствени итн).

Management Но, како се движи и потребата од знаењете за менаџментот? Каква е структурата на потребното знаење за менаџерите? Ова се навистина важни и значајни прашања од областа на менаџментот. Да видиме првин каква е потребата од менаџментот при движењето низ животните циклсуи на бизнисите:

  • Фаза сонување. Во оваа фаза воопшто нема потреба од знаење од менаџментот. Тука претприемачот само сонува, анализира и размислува за она што планира да го превземе. За овие активности менаџментот не е потребен.
  • Фаза започнување. Воопшто нема потреба од знаење од менаџментот или пак постои сосема мала потреба. Воопшто нема да има потреба доколку во фазата започнување претприемачот влегува сам како индивидуалец. Тогаш претприемачот е се во едно личност. Нема вработени, нема ни менаџмент. Доколку има неколку вработени во ова фаза тогаш сепак ќе постои одредена потреба од знаење од менаџментот. Оваа знаење особено ќе се однесува на лидерската функција како и функцијата на мотивирање. Многу е важно претприемачот во оваа фаза да знае да ги мотивира вработените како побргу би се поминало во наредната фаза.
  • Фаза проблематичен период. Во овој период за првпат ќе се јави поголема потреба од менаџментот. Во оваа фаза кога бизнисот започнува да расте, апетите на претприемачот стануваат се поголеми и поголеми, се јавува потреба од зголемување на вработени бидејќи претприемачот не може се сам да работи, а финансиите уште не се стабилни навистина потребата од менаџментот е повеќе од потребна. Токму овој период кога претприемачот од претприемништво ќе се свртува кон менаџментот може навистина да биде доста проблематичен. Претприемачите ќе мора да ги управуват вработените, да ги следат нивните перформанси, да ги мотивираат, да планираат, да го екипираат бизнисот со квалитетни вработени а од друга страна да водат сметка за финансиските, материјалните, информациските и останатите ресурси.
  • Фаза лудување. Оваа е фаза каде без цврст, стабилен и мудар менаџерски стил бизнисот може да пропадне. Потребата од менаџментот се зголемува се повеќе и повеќе што поради нормалниот раст на бизнисот што поради претераното ширење во подрачја кои бегаат од основите на бизнисот од времето кога е планиран. Продолжува потребата од планирање, организирање, екипирање, мотив ирање и контролирање. Ова всушност претставуваат функции на менаџментот.
  • Фаза озбилност. Во оваа фаза претприемачот веќе станува вразумен менаџер со соодветно искуство. Основната задача му е менаџирање на бизнисот и вработените во него. Планирање мора да постои заради енергизирањето кое му е потребно на бизнисот за да не навлезе во фазата на старост. Токму затоа во оваа фаза менаџментот како знаење ќе му биде најпотребен на претприемачот.
  • Фаза старост. Е тука се поставува прашање дали може менаџментот да функционира. Менаџментот како знаење е потребен особено заради спроведување на крупни организациски промени. Инаку како потреба се јавува внесување на претприемничкиот дух во бизнисот како би се донела нова енергија која ќе го врати бизнисот во претходната фаза. Можеби преголемиот менаџмент заборавил да менаџира па станал едноставно контролор на правилата и процедуите. Тука е изгубено планирањето, мотивирањето, екипирањето, организирањето, а за лидерството и да не зборуваме.

Значи како поминуваме од една во друга фаза од животниот циклус се повеќе и повеќе на претприемачот ќе му бидат потребни менаџерските вештини. Овие вештини ќе имаат за цел да ги стабилизираат преголемите пореметувања, да вршат организациски промени заради подготвување за иднината и да ги мотивираат вработените за поголеми резултати.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] знаат. Видовте во примерот со потребата од знаење од менаџмент во различните животни циклуси. Но, постојаното учење претставува една константа во […]

Speak Your Mind

*