post

БИРОКРАТИЈА – УНИШТУВАЧ НА ОРГАНИЗАЦИСКИ СИСТЕМИ

Секој бизнис претставува или за одреден период ќе стане организациски систем. Организациските системи претставуваат сложени системи. Тие се составени од различни типови на системи. Интересно е што успешните бизниси мора еден ден да станат организациски системи. Некои побргу, некои подоцна. Организацискиот систем бара зголемување на човечки ресурси, но бара и зголемување на структури, правила и процедури.

Bureaucracy Од друга страна бирократија се дефинира како формални организациски структури, правила и процедури. Целта на овие структури, правила и процедури е да се избегне хаосот. Но, од друга срана секоја бирократија допринесува за уништување на претприемништвото. Правила, правила, да би ме удавила или кичму савила и скроз пошашавила! Ова е извадок од една песна на Рибља Чорба. И навистина запрашајте се колку тие правила може да ви ја спречат креативноста, да ви го уништат моралот и да ве наведат да се откажете од нешто што го мислите и што е квалитетно а заради тие правила не можете да го остварите. Тоа навистина претставува кршење на кичма или ваше лично кршење.

Исак Адижес во едно од неговите дела (Management/Mismanagement Styles) за бирократските менаџери вели дека се најзаинтересирани за тоа како работиме, а не ги интересира што работиме. И така доаѓаме во состојба да работиме се и сешто, а притоа да бидеме неефективни и неефикасни. Бирократите се обидуваат работите да ги изведуваат на прав начин – ефикасност. Но, каде е ефективноста. Дали може ефективност без ефикасност и обратно. Може, но придобивките за организацискиот систем ќе бидат 0. На ваков начин бирократската организација (бизнис) ќе биде насочен на тоа како луѓето ги изведуваат работите, притоа заборавајќи на тоа што работат тие луѓе (Види 80/20 правило или пак 80/20 правило наспроти ефективност и ефикасност). Значи бирократската организација е насочена кон ефикасноста, а ја заборава ефективноста.

Заради горенаведеното, бирократските организации се голем произведувач на неефективни менаџери, а со тоа и неефективни вработени. Ова е поради фактот што вработените сакаат да се приближат кон таквите менаџери и да станат исти како нив, а преку таквото однесување можеби ќе си го купат мирот или пак унапредувањето. Сето тоа води кон смрт на организацијата или бизнисот, фаза старост од животните циклуси на бизнисите. Но, бизнисите може и порано да влетаат во една ваква фаза, што секако не е добро.

Имав искуство со една странска консултантска компанија која има традиција од 175 години. И замислете изгубив една година за една иста работа и пак резултатот лебди некаде во воздух, а не можеме да го дофатиме. И на крај сватив дека тие немаат поим што значи да си ефективен и ефикасен. (Денес пишував едно писмо до нив и се обидов да им објаснам што е тоа ефективност и ефикасност, но ми беше цензурирано најверојатно поради политички причини.) Добро, македонче треба да премолчи пред странските големи консултанти. Јас сум и ќе бидам МАКЕДОНЕЦ,  не македонче и затоа сум среќен што излегов од една таква бирократска организација.

Еве ги поминувам првите часови како некој кој бил и веќе не е во една бирократкса организација (или поточно кажано мртва организација, организација без душа). Се чувствувам слободен. Се чувствувам препороден. И ова поради тоа што можам да креирам, да спроведувам идеи без да размислувам за правила и процедури и еден куп бирократски (читај неспособни) менаџери. Од прв ден во таа организација бев потиснат со правила и процедури. И сето тоа поради бирократија. Таа бирократија доведе еден куп на менаџери кои само за една година направија еден куп на упатства без да размислат на практичната примена на истите (ја заборавија оперативата). Но, кој губи?

Организациски систем во кој најкарактеристичен елемент е бирократијата не може да опстане долго. Зошто? Не произвдува резултати, нема нови идеи бидејќи претприемништвото (интрапретприемништвото) е потиснато, а значењето на правилата и процедурите како и казнувањето на оние кои ќе ги прекршат води до една состојба во која колегијалноста и групната работа се сведува на 0. Ваквите организации може да опстанат само доколку имаат многу пари и тоа се додека не се потрошат тие пари. Но, владините институции како oрганизациски системи кои се најбирократски нема да пропаднат бидејќи се финансираат од буџетот (читај парите на граѓаните). Секако дека таа организација нема да се доведе до смрт.

Затоа како претприемачи мора да внимавате на правилата и процедурте. Тие се добри, но нивно преголемо нагласување може да доведе до појава на преголема бирократија во организацијата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*