post

МАРКЕТИНГ СРЕДСТВА – ЗЛАТНА КНИГА

ZlatnaKniga Десетото јубилејно маркетинг средство го задржав за Златна книга како едно од најсилните маркетиншки оружја кои што постојат во денешницата. Кога станува збор за маркетинг се бараат различни средства за презентација на производите и/или услугите како и самиот бизнис. Овој медиум кој го презентираме тука денес стана еден од најмасовните медиуми кој што секој дом има барем по една ваква книга. Велам „барем“ заради тоа што во некои домови сигорно има и повеќе бидејќи книгата е бесплатна и се дели на различни начини до крајните корисници. На почетокот би сакал да напоменам зошто избрав оваа маркетиншко оружје да го нарекувам Златна книга додека секаде во светот ќе прочитате за Yellow Pages (Жолти страници). За да не дојде до забуна во Македонија постои и Златна книга и Жолти страници. Потоа, како основно е што во Македонија лидер во оваа индустрија е Златна книга и второ кога ќе се распространи бесплатно видлива е пред повеќе од 500.000 потенцијални потрошувачи. И затоа го избрав како поефикасно и поефективно маркетинг средство.

Што претставува Златна книга?

Златна книга претставува масовен, годишен информативен медиум за Македонија кој на корисниците им овозможува брзо и едноставно да дојдат до вредни информации, додека на претприемачите им овозможува солидна презентација пред масовен број на потенцијални потрошувачи.

Инаку овој медиум претставува еден вид на телефонски директориму за бизниси кој се категоризира детално по услуги, производи, институции, установи, индивидуалци, мали и големи бизниси. Овој директориум може да биде електронски (интернет) и печатен. Значи овој медиум претставува печатен или електронски директориум кој ги презентира бизнисите по азбучен редослед и специфична категоризација во однос на типот на бизнисот, производот и/или слугата што се нуди, браншата…

Кои се придобивките од оваа маркетиншко средство?

Како и секое маркетиншко средство и оваа може за некој бизнис да биде корисно додека за друг да биде некорисно. Обично, пред да се одлучите за презентација на Вашиот бизнис во едно вакво маркетиншко средство запрашајте се дали вие би ги побарале Вашите производи и/или услуги во еден таков медиум? Доколку одговорот е ДА најверојатно оваа маркетиншко средство ќе биде корисно за Вашиот бизнис бидејќи златна книга се чита кога се бара информација за некој бизнис или пак некој производ и/или услуга. Ова не е роман кој ќе седнете и ќе го исчитате за една недела. Ова е информативен медиум. Еве некои од придобивките кои можете да ги добиете со оваа маркетиншко средство:

  • Презентација пред повеќе од 500.000 потенцијални потрошувачи со тираж од 150.000 примероци:
    • За Скопје 80.000 примероци
    • За останатите градови 40.000 примероци и
    • 30.000 примероци на Албански јазик.
  • Оваа маркетиншко средство претставува сугестивен медиум, односно оној кој бара нешто ќе ја отвори да пронајде, така поголема е веројатноста за купување од страна на оној кој ќе го пронајде Вашиот бизнис преку златна книга.
  • Добивате поголем животен век на презентацијата во оваа маркетиншко средство кое трае минимум една година до наредното издание. Иако реално гледано голем број на луѓето доколку не ја набават верзијата за наредната година ќе продолжат да го користат изданието од претходната година со што уште повеќе ќе се зголеми рокот на траењето и нормално повраток на вложената инвестиција.
  • Ова е бесплатен медиум, што доведува до тоа поголем број на луѓе да ја имаат дома и кога ќе имаат потреба да ја отворат.
  • Освен потенцијални клиенти ќе можат да ве контактираат и потенцијални снабдувачи или бизнис партнери.

Што треба да содржи Вашата реклама?

Како и во секое маркетиншко средство потребно е да привлечете внимание за вашата рекламна порака во златна книга. Jay Conrad Levinson препорачува да не им дозволуваат луѓето вработени во фирмата која го издава овој медиум да ви ги пишуваат огласите. Она што треба да го содржи ова маркетиншко средство се:

  • Идентитет на бизнисот (име, лого, слоган)
  • Адреса (како да ве најдат)
  • Графика која ќе привлече одредено внимание и ќе го покаже Вашиот бренд.
  • Интересен напис кој треба да пробуди интерес за Вашиот бизнис или пак Вашите производи и/или услуги.

Ова се минималните работи кои се комбинираат со адресарот кај што ќе бидат наведени контакт елементите за Вашиот бизнис. Инаку креативноста е Ваша можете да вклучите се што ќе сметате дека ќе го привлече вниманието на потенцијалните потрошувачи.

И секако за крај уште нешто! Вреди да се проба. Инвестирајте во презентација на Вашиот бизнис за една година и следете што ќе се случува. Доколку нема резултати слободно исклучето го од Вашиот маркетинг план за наредната година и заменете го со друго маркетинг средство.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*